Совети за борба против потењето и непријатниот мирис на стапалата

business woman with her feet up at the office

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претераното потење на стапалата, посебно ако се носат чевли од вештачка кожа, со постава од синтетика или гума, како и синтетички чорапи, на многумина дури и во текот на зимата им претставува голем проблем.

Во борбата против непријатниот мирис на нозете, најважно е да се променат чевлите и да се носат само онакви што се направени од природни материјали.

Исто така, добро е да се има повеќе чифта сезонски чевли, бидејќи ако секој ден облекувате исти чизми, кои не стигнуваат да се исушат од влага, дури и во тие од кожа, брзо ќе се појави непријатен мирис.

Покрај тоа, зголемете ја хигиената на стопалата, носете исклучиво памучни чорапи, користете мирисни купки, пудри или комбинација на одредени билни и хемиски препарати кои можете да ги подготвите и сами.