Совети за безбедно купување: Сè што треба да знаете за е-продавниците на интернет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европол на своите веб страници објави неодамна совети за безбедно купување преку интернет кои би требало секој да ги следи за да се намали бројот на онлајн измами.

Таканаречените златни правила на сигурно онлајн купување се:

-Купувајте од проверени извори: Користете марки и продавници кои ви се познати или кои веќе сте ги користеле и проверувајте како се оценувани продавачите од кои купувате на страниците како што е Амазон и eBay

-Проверувајте ги трајните плаќања: Пред да испратите податоци за вашата кредитна картичка за плаќање на трајни услуги преку интернет, дознајте како можете да ја прекинете таа услуга.

-Многу интернет трговци од вас ќе бараат да ги чуваат вашите податоци за плаќање: Добро размислете пред да се согласите и запознајте се со сите ризици кои ги носи таквата одлука.

-Користите кредитни картички при онлајн купување: Повеќето кредитни картички имаат добра политика на заштита на купувачот. Доколку не сте го добиле она што сте го порачале, издавачот на кредитната картичка ќе ви ги врати парите.

-Проверете дали преносот на податоци е соодветно заштитен: Користете HTTPS  и SSL протоколи кога прегледувате на интернет

-Секогаш подгответе ги сите документи поврзани за онлајн купување: Би можеле да ви потребаат да ги утврдите условите на продажба или да докажете дека сте ја платите робата. Доколку не купувате одредени производ или услуга, немојте да давате податоци за вашата кредитна картичка.

-Кога купувате онлајн од друга личност, не праќајте ги парите однапред. Ако е можно, договорете се прво да ја добиете нарачката.

-Немојте да му праќате пари некому кој не го познавате. Доколку некој ви се обрати онлајн и бара пари, размислете дали би ја дале истата сума пари на непозната личност која ќе ја сретнете на улица

-Никогаш никому не праќајте го вашиот број на картичка, ПИН или други податоци за картичката по пат на електронска пошта.

-Избегнувајте онлајн купување на страници кои не користат целосна автентификација (Verified by Visa/MasterCard Cesure Code).