Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Не дека се случува често, но потребно е мало невнимание и лесно да го загубите вашиот мобилен телефон, а со тоа да изложите голем дел од вашите приватни информации на опасност да бидат достапни за други лица.
Еве едноставен начин да го пронајдете својот телефон доколку сте го загубиле, или да го заштитите доколку сте сигурни дека нема да го добиете назад.
Поголем број Андрои телефони доаѓаат со вградена апликација „Find My Device“.
Оваа услуга автоматски ја следи локацијата на вашиот телефон, така да доколку случајно го загубите, од било кој уред можете да ја погледнете последната позната локација, да го заклулите вашиот телефон или да ги избришете податоците доколку стравувате дека е украден.
Најважната работа која треба да ја направите е сите подесувања за „Find My Device“ да ги наместите пред да ви се загуби телефонот. Овде е важно да се истакне дека „IMEI“ и серискиот број на телефонот секогаш треба да ви биде негде при рака. „IMEI“ бројот на телефонот можете лесно да го дознаете доколку свртите на *#06#.
„IMEI“ бројот е единствен за секој телефон. Серискиот број на телефонот можете да го видите во подесувањата (Settings -> About phone). Да ги имате овие информации е корисно посебно доколку телефонот ви е украден и кражбата сакате да ја пријавите во полиција.
Доколку го загубите телефонот, од било кој уред логирајте се на својата Google сметка.
Одете на интернет страната android.com/find и внесете ја меил адресата и лозинката која сте ја користеле за Гугл налог.
Кога Find My Device е отворен, имате три опции:
-Можете да одберете вашиот телефон да се „огласи“ (дури и ако е ставен во тивок тежим). Оваа функција е корисна доколку мапата покажува дека телефонот е близу до вас а не можете да го забележите.
-Можете да го осигурате својот уред така да личноста која го пронаје не може да пристапи до почетниот екран. Ова функција е најкорисна доколку вашиот тлефон претходно не бил заштитен со лозинка или сензор за отпечаток од прсти.
– Можете да ги избришете своите податоци. Ова е најдобра опција доколку сте 99% сигурни дека уредот нема никогаш повторно да го видите.