Совети како поквалитетно и поефикасно да ги подготвувате испитите за полагање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Учењето на нови работи не е секогаш најзабавната работа на свет. Младоста е време кога се стекнуваат нови знаења, но младоста е и време кога не треба да се пропушти ниедна забава на светот.

На сите ни се случило да ги занемариме обврските и да правиме многу позабавни нешта, оставајќи го материјалот за испит за подоцна и подоцна. Тоа подоцна најчесто е денот пред испит.

Кога сите велат дека нема шанси да се подготви испит во последен миг, вие можете да им го докажете спротивното.

Учете со разбирање

Доколку го меморирате само материјалот читајќи го неколку пати, само губите поголем временски интервал, а наученото се сместува во краткорочната меморија. Освен што ќе поминете долг период над книгата, голема е веројатноста наредниот ден се да исчезне од вашата меморија.

Наместо тоа, пробајте да ја прочитате материјата и со ваши зборови да ги објасните најважните делови од неа. Учењето со разбирање за разлика од учењето на памет се сместува во долгорочната меморија бидејќи работите ги учиме логички односно ги поврзуваме со нештата кои веќе ги знаеме и при тоа ги надоградуваме со новостекнатото знаење.

Простор за учење

Еден од најбитните елементи при учењето е просторот каде се одвива. Навидум тоа не е мошне важна работа, но полесно е учењето кога околу вас нема мобилен телефон и работи кои ви го одвлекуваат вниманието. Исто така, еден мошне важен фактор е температурата на просторијата во која учите, превисоката температура најчесто може да ве омалакса и понесе кон дремка, додека прениската не е пријатна за овој процес.

Визуелно учење

Читањето на црните букви на бела хартија и не е толку привлечно. Според одредени научни истражувања мозокот реагира на визуелниот изглед на нештата и ги впива најинтересните работи од нив. Многу е полесно кога ќе го поделите материјалот на поважен, нешта кои не се толку неопходни да се знаат и нешта кои е пожелно да се знаат, но не се толку важни како првите.

Најважните нешта можете да ги обележите со пофреквентна боја која би ја забележале повеќе од останатите, а со побледа боја другите степени на не толку важни работи.

Проверете ги белешките кои сте ги фаќале во текот на предавањата

Најчесто најважните работи кои треба да ги знаете професорите ги потенцираат на самите предавања. Најчесто тие се најбарани од вас и при испитот, а доколку ептен сте во хаотична состојба и немате многу време на располагање пред испитот можете да ги препрочитате како еден вид на скратена скрипта од материјалот.