Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Целодневното седење дома и воопшто неизлегување со децата за секој родител е вистински предизвик – како психолошки, така и физички.
Читање книги, учење низ игра, разгледување фотографии или готвење заедно, се само дел од советите и идеите како да поминете квалитетно време со вашите деца за време на изолацијата, што ги споделува на својот фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Седењето дома со децата повеќе денови е голем предизвик за секој родител, па министерот Филипче споделува повеќе алатки и препораки од психологот Иво Куновски за периодот со ограничено движење.
Најдете време во денот да им читате на децата. За време на читањето, разговарате со децата за сликите и настаните во книгата, опишувајте ги, предвидувајте што би се случувало во книгата понатаму и разговарајте како некои од ликовите се чувствуваат.
Разгледувајте и споделувајте за фотографии. Користете фотографии од албуми или телефони и дозволете на детето да споделува што гледа на сликата, каде и кога е тоа, како и зошто се случува тоа и како се чувствува детето за споделените личности и настани.
Учете низ игра во домот. Деца кои имаат некои основи од математика може да имаат мисија низ домот да бројат прозорци, слики, растенија, столици итн. Предизвикајте ги да изградат шатор од ќебе или тврдина од перници или кутии. Учете да цртате или со пластелин да моделирате животни и растенија, учете ги нивните имиња, опишувајте како изгледаат, што јадат, каде живеат итн. Засадете неколку семки во саксија (пр. пченица, грав, грашок) и овозможете му на детето да се грижи за нив, истражувајќи колку вода и светлина им е потребно, како растат, како се јадат итн.
Вклучете ги децата при припрема на храна и готвење. Готвењето може да е дополнителна едукативна активност за децата. Разговарајте за начинот на готвење, улогата на квасецот, зачините, состојките, потребните количини, читање рецепти и етикети од производи итн. Доколку возможно, дозволете им на децата да припремаат форми од тесто, да ставаат зачини или на друг начин да се вклучат во готвењето, пишува на неговиот фб статсус министерот Филипче.