Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многу мажи кои се обидуваат да заведат жена, прво на памет им паѓа да настапат со пригушени светла за создавање на романтичен ефект. Сепак, тоа не би требало да го прават ако сакаат да го покажат најдоброто од себе во креветот.
Светло, токму како она дневното, го подигнува нивото на тестостерон и може да го зголеми степенот на уживање, покажа најновото истражување. Се повеќе мажи, постари од 40 години ги погодува недостатокот на сексуална желба.
Падот на либидотот варира зависно од годишната доба, а експертите се одлучија да проверат дали тоа има врска со влијанието на светлото, односно недостатокот од истотот. Тим од италијански експерти од Универзитетот во Сијеи, анкетираа 38 мажи кои се борат со ниска сексуална желба. За да се провери теоријата, момците биле поделени во две групи.
Низ две недели, едната група секое утро била доведувана во просторија со јако светло, Потоа им е измерено нивото на тестостерон, па е воочено дека тој значително пораснал во однос на втората група мажи кои не биле изнесени на силно светло.
Резултатите од истражувањето се презентирани на годишната конференција на European College od Neurpsyhopharmacology во Виена.