Home Живот и здравје Совет за мажите: Ејакулирајте почесто – еве зошто!

Совет за мажите: Ејакулирајте почесто – еве зошто!

Истражувачите ги советуваат мажите да ејакулираат најмалку 21 пат месечно, бидејќи на тој начин го намалуваат ризикот од заболување од рак на простата.

Како што се наведува во една нова студија, не е важно дали мажот ејакулира со мастурбација или во тек на секс. Тие истакнуваат дека е важно што ејакулацијата ја штити простатата, бидејќи помага во чистење на жлездата од причинители на рак и инфекции. Исто така ги намалува воспаленијата.

Научниците од Универзитетот „Харвард“ анализирале податоци од 31.925 здрави мажи за тоа колку ејакулираат месечно. Податоците се бележени од 1992 година до 2010 година. Месечната зачестеност на ејакулацијата е проценета кај мажи на возраст од 20 до 29 години и од 40 до 49 години. Над 3.839 мажи заболеле од рак на простата во текот на истражувањето.

Резултатите откриле дека мажите кои ејакуиларе месечно 21 пат имале многу помала шанса да се разболат од рак на простата, од тие кои ејакулирале четири до седум пати месечно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

6 здрави намирници што можат да станат нездрави ако се консумираат премногу

Може да изгледа дека здравите намирници никогаш не можат да имаат штетно влијание врз наши…