Социјална пензија – еве кој ќе може да зема ваков надомест


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мажите и жените со полни 65 години кои не не ги исполнуваат законски пропишаните услови за пензија и немаат ниту еден ден работено, годинава ќе добијат државна пензија, пренесува 24 Телевизија.

Но ова нема да се однесува за оние кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а нивниот партнер веќе користи пензија. Оваа категорија на граѓани, според Владата, не се социјално загрозени и нема да можат да ја добијат социјалната пензија.

Законот за социјална сигурност на старите лица стигна во Собранието и за него ќе се гласа по скратена постапка. Во него се предвидува државната социјала пензија да изнесува 6 илјади денари месечно и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот.

Условот за добивање е лицето да е државјанин на Македонија и да живее тука во последните 15 години. Pо реакциите, Владата го тргна и условот лицето да има барем еден ден работен стаж. Еве кои други услови треба да бидат исполнети.

„Лицето да нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува, да не е корисник на пензија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или издржување од друга држава и да не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.“

Тие што ќе добијат социјална пензија ќе имаат право и на надоместок за греење во висина од 1 000 денари од октомври до март. Нема проценка колку лица ги исполнуваат условите, ниту колку пари ќе се одвојат од буџетот. А токму на тоа предупредува и опозицијата.

Социјалната пензија нема да ја исплаќа ПИОМ, туку Центрите за социјална помош. Минималната пензија што Фондот за пензиско ја исплаќа за лицата кои работеле најмалку 15 години, изнесува 8800 денари, односно само 2 800 повеќе од новата социјална пензија.