Социјалистите од Ѕинго им овозможија кворум на владејачкото мнозинство во Собрание


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пратениците на Социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго го спасуваа мнозинството во Собрание. Пратениците од оваа партија која долги години беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Владанка Авировиќ и Љупчо Димовски останаа на денешната седница и му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум, пренесува 24 Вести.

Пратениците на опозиција ја напуштија собраниската седница откако видоа дека мнозинството нема да обезбеди кворум, но Димовски и Авировиќ останаа и со тоа се обезбеди потребниот кворум од 61 пратеник за почнување на седницата.

Авировиќ и Димовски пред неполн месец не го потпишаа ниту барањето за гласање на доверба на Владата што се најде во Собрание.