Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Храната која ја јадеме содржи одредена количина на витамини и минерали кои можат да влијаат врз нашата способност да имаме доволно енергија во текот на целиот ден.
Железото, на пример, го пренесува кислородот од црвените крвни зрнца до нашите мускули, а можете да го најдете во блитвата, спанаќот, маслинките и други зеленчукови растенија.
Од друга страна, витаминот Б помага за претворање на храната во енергија и е клучен за растот, развојот и останатите важни телесни функции. Можете да го консумирате преку голем број намирници како грав и јаткасти плодови, па сè до месо и разни овошја и зеленчуци.
Магнезиумот го подобрува имунолошкиот систем и ги спречува процесите на воспаленија. Го добивате од сончогледните семки, индиските ореви, црниот грав и семките од соја. Калиумот, пак, е електролит кој го регулира крвниот притисок, мускулната активност и задржувањето на водата.
Витаминот Ц помага во производство на карнитин, молекула која му помага на телото во согорување на мастите и нивно претворање во енергија. Цинкот влијае на синтезата на протеините и е клучен за правилно функционирање на црвените и белите крвни зрнца. Калциумот е потребен за оксидација на липидите, додека бакарот му помага на телото за апсорпција на железото, создавање на црвени крвни зрнца и одржување на здравите нервни клетки и имунолошкиот систем.