Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистичките податоци на Ворлдометерс, бројот на заразени лица од коронавирус во светски рамки се приближува до бројката од 3 милиони пациенти, а бројот смртни случаи како последица на корнавирусот изнесува 203.308 починати лица.
Според овој сајт кој се базира на податоци од Светската здравствена организација (СЗО) бројот на заразени во светот со новиот вирус е 2.923.191 лице, додека досега оздравеле 837.527 лица.
Вкупно активни случаи на заболени со ковид -19 има 1.882.356 лица, од кои 97 отсто или 1.824.473 се со лесни симптоми, додека 57.883 се во тешка состојба.
Први на листата каде состојбата е најлоша се САД со 960.896 заболени и 54.265 починати лица. Потоа следуваат: Шпанија со 223.759 заболени и 22.902 починати, Италија со 195.351 заболени и 26.384 починати, Франција со 161.488 заболени и 22.614 починати и Германија со 156.513 заболени и 5.877 починати лица.
Од континентите, најзагорзена е Европа со вкупно 1.253.115 заболени од ковид-19 и 120.137 починати. Потоа следува Азија со 462.048 заболени и 16.953 починати лица.
Во Јужна Америка бројките се 131.374 заболени и 6.020 починати. Африка е на дното со вкупно 31.102 заболени и 1.379 починати, иако претставниците на СЗО предупредуваат дека поради лошите услови пандемијата би можела да земе голем замав.
Најмалку случаи има на австралискиот континент со 8.282 заразени и 101 смртен случај.