Состојбата со коронавирусот во Македонија во последните 24 часа низ бројки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Институтот за јавно здравје ја објавија најновата статистика за состојбата со коронавирусот во Македонија, според која се регистрирани 44 оздравени пациенти, нови 13 случаи и двајца починати.

Оздравените се од Скопје 5, Куманово 12, Прилеп 9, Велес 12, Битола 2, Кавадарци 1, Крушево 1 и Неготино 2.

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1. Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид -19.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539, бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.