Состанок на „Камп Ноу“: Главна тема иднината на Кутињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следниот месец ќе биде од големо значење за иднината на Филипе Кутињо во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Бразилецот го загуби местото во стартниот тим, а ситуацијата ја прават деликатна 160-те милиони евра кои клубот ги даде за неговиот потпис.

Кутињо е најскапото засилување во историјата на клубот, а се претвори во „луксузна резерва“, бидејќи не се вклопува најдобро во тактиката на тренерот Ернесто Валнерде.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека се одржал состанок на „Камп Ноу“ каде покрај раководството на Барселона присуствувал и агентот на Бразилецот.

Клубот не мисли за задолжителен трансфер, но доколку работите не се променат во следниот месец, тогаш Кутињо на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Според медиумите Барселона е спремна да го продаде Кутињо доколку пристигне понуда повисока од 100 милиони евра, а интерес за Бразилецот покажуваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Арсенал.