„Сосиете Женерал“ напушта терен: „Штаермаркише Шпаркасе“ ја купува „Охридска банка“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На аквизиција која ќе биде објавена во текот на денешниот ден, стариот банкарски волк „Штаермаркише Шпаркасе АГ“ ќе ја купи „Охридска банка Сосиете женерал груп“.

Фактор дел од највисокото раководство на банката од австриски Грац ќе соопшти кои се плановите по превземањето и со каква стартегија ќе настапуваат на пазарот.

Претпладнево или пред настанот од Охридска банка соопштија дека Сосиете женерал и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ, Шпаркасенплац постигнале договор со кој француската банка ќе ги продаде сопственичките 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка колку што во моментов поседува. Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите.

Шпракасе веќе оперира во Македонија, откако во 2008 година ја купи Инвест банка. Одлуката за продажба на Охридска банка пак следуваше по објавата на Сосиете Женерал во текот на минатата пролет дека ќе се повлече од регионот на Источна Европа или од нестратегиските пазари каде банката не е во топ три банки според пазарниот удел, што значеше дека ќе се продава и банката во Македонија. Инаку познатиот банкарски играч француски Сосиете женерал ја купи Охридска банка во 2007 година.