Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Српскиот актер Небојша Глоговац кој почина завчера во Белград, на 49-годишна возраст, губејќи ја битката со ракот на белите дробови, своите последни денови ги поминал со семејството, вршејќи ги секојдневните активности, не обѕирнувајќи се на својата тешка дијагноза.
„Небојша последните денови ги помина целосно нормално, па ако информацијата за неговата здравствена состојба не стигнеше во јавноста преку медиумите, не можеше ни да се насети дека е болен. На неговото лице, вом неговите движења и благата насмевка болеста воопшто не се забележуваше. Откако се врати од терапија од Германија, беше убеден дека сè ќе оди по својот тек и дека е на чекор од оздравување, а тогаш резултатите се влошија. Но, и понатаму негуваше надеж“, вели пријател од актерот за Blic.
Последните денови ги поминал во белградскиот кварт Дорќол, каде живееше со својата партнерка Милица и ќерката Сунчица. Српскиот весник пишува дека секојдневно шетал со ќеркичката родена во октомври, 2016 година.
„Секој ден и навечер шеташе со неа низ стариот дел од Дорќол и Калемегдан. Постојано си играа. Дури и ако пиеше кафе со пријателите во блиското кафуле, ја носеше со себе. Се смееше на секој нов изговорен збор од девојчето. Ако таа си бараше внимание, оставаше сè и одеше да шета со неа. Си играа во паркот или седеа на земја. Беше центар на неговиот свето“, откриваат соседите од актерот.
Небојша, освен Сунчица, има и два повозрасни сина – 17-годишниот Милош и 20-годишниот Гаврил, кои ги има од првиот брак со бившата сопруга Мина.
Пред десет дена Глоговац беше примен на Институтот за онкологија, а српските медиуми пишуваа дека е тешко болен и дека состојбата му е многу лоша. Сите претстави во кои играше актерот тогаш беа откажани.