Сопствениците на Милан не се задоволни од спортскиот директор – го сакаат Сабатини!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека кинеските сопственици на Милан не се задоволни од работата на спортскиот директор Масимилиано Мирабели и дека размислуват за негова смена.

Трансфер кампањата која ја направи Мирабели минатото лето кога потроши 250 милиони евра не вроди со плод, па сопствениците во него гледаат најголема одговорност.

Притоа, Мирабели инсистираше Гатузо да добие нов договор пред завршување на сезоната, нешто што на сопствениците не му се допаднало.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прв избор на сопствениците е поранешниот спортски директор на Интер и Рома, Валтер Сабатини.

Наводно претставници на „росонерите“ веќе имале средба со Сабатини во Лондон и започнале преговори.

Сабатини важи за еден од најдобрите спортски директори на Апенините, а неодамна самиот си даде отказ од Интер и е без ангажман.