Сопствениците на кучиња треба да го избегнуваат мешањето на кучешки и човечки бактерии


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повеќето сопственици на кучиња им дозволуваат на нивните миленици да ги лижат по усните и лицето.

Меѓутоа, бактериите кои се наоѓаат во усната празнина на кучињата премногу се разликуваат со оние во човековата и при нивниот спој може да дојде до различни заболувања.

Џон Оксфорд, професор по вирусологија и бактериологија на лондонскиот Универзитет „Квин Мери“, вели дека кучињата поголемиот дел од нивниот живот го поминуваат со нивните муцки закопани во валкани агли, како и под опашката и над фекалии на другите животни, што значи дека нивните усни и носната шуплина се полна со сите видови на вируси и бактерии.

Многу од овие бактерии се непознати на човековото тело, па тоа ги избегнува, но кај кучињата и мачките постојат бактерии кои можат кај луѓето да предизвикаат болести.

Некои од болестите кои можат да се поврзат со плунката на кучето се гастроентеритис и менингитис, пишува „Гардиан“.

Секојдневното милување со кучињата, како што пишува канадскиот ветеринарски магазин, не може да предизвика штета, но човековите и кучешките бактерии не би требало да доаѓаат во контакт.

Меѓутоа, при близок контакт со животните, ризик од заболувања, има кај луѓе со слаб имунитет.