Сопственикот на Кардиф се огласи за ситуацијата со Сала


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сопственикот на Кардиф Сити, Мехмет Далман проговори за ситуацијата на новата аквизиција Емилијано Сала, откако стана јасно дека исчезнал авионот со кој фудбалерот патувал од Нант до Кардиф.

Сала потпиша со Кардиф за 17 милиони евра пред неколку дена и се врати во Нант за да се поздрави со бившите соиграчи. Меѓутоа, на враќање неговиот авион исчезна над Ламанш.

„Исклучително сме вознемирени поради Емилијано Сала и вестите за исчезнатиот авион. Чекаме потврда, за да можеме да кажеме нешто повеќе за оваа ситуација“, изјави Далман.