Сопственикот на „Дурмо Турс“ за ТВ24: Возачот изјави дека изгубил контрола над самиот себе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во ексклузивно интервју за „Телевизија 24“, Дурмиш Белули, газдата на компанијата која се занимава со јавен превоз „Дурмо Турс“, чиј автобус се праврте кај селото Ласкарци при што загинаа 14 лица, изјави дека стапиле во контакт со возачот кој го управувал кобниот автобус.

„Одговорно лице во Дурмо турс стапи во контакт со возачот по несреќата. Тој кажал дека бил свесен и дека изгубил контрола, во повторно прашање дали изгубил контрола над автобусот, или над самиот тој, одговорот бил дека над самиот. Верјатно заради здравствени причини. Автобусот се движел околу 200 метри, нема ни трага на кочење ниту реакција на возачот“ – вели Белули.

Тој додаде дека чувствува морална одговорност и дека сочувствува со семејствата на загинатите.

-Тие беа членови на нашето семејство, со години патуваа со нас. Во Гостивар со сите се знаеме. Жалиме длабоко, потресени сме и во шок – порачува сопственикот на компанијата.

Еве ја неговата целосна изајва за „Телевизија 24“.