Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Основното јавно обвинителство-Скопје заедно со увидна екипа од крим-техника изврши увид на местото на убиството на двете лица што вчера попладне се случи во менувачница во Кисела Вода.
Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. „Обезбедени се траги од лице место, како и видео надзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментов се преземат дејствија за идентификација на второто починато лице“, информира Обвинителството.
Двојното убиство се случи кога две вооружени лица се обиделе да ограбат менувачница, но биле лишени од живот од сопственикот на менувачницата. Нему му е укажана медицинска помош поради здобиени телесни повреди во инцидентот, пренесува „Нетпрес“.
Според последните информации кои ги објавија медиумите, утврдено е дека во нив пукал сега повредениот сопственик на менувачницата 58-годишниот Гоце А. од Скопје.
Тој со својот пиштол кој го чувал под пултот ги застрелал разбојниците откако го претепале и сакале да избегаат. Во инцидентот Гоце А. бил тешко повреден, но после укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Оваа менувачница во последните шест години вторпат е цел на оружани разбојници. Тогаш во истиот сопственик беше пукано и беше ранет во левата нога. Поради повредата тој има проблем со движењето.