Home Актуелно Сопственикот, директорот и менаџерот на „Фристајлер“ уапсени за инцидентот во кој потона сплавот – им виси казна од 1 до 8 години затвор

Сопственикот, директорот и менаџерот на „Фристајлер“ уапсени за инцидентот во кој потона сплавот – им виси казна од 1 до 8 години затвор

52-годишниот Маркос Љ., 47-годишниот Драган В. и 42-годишниот Марко. Р. се уапсени поради инцидентот што се случи кога сплавот „Фристајлер“ потона во реката на новогодишната ноќ.

Директорот, управителот и сопственикот на овој сплав се осомничени дека на 31 декември 2022 година дозволиле на сплавот повеќе луѓе од капацитетот на овој објект, кој делумно потонал и со тоа ја загрозил безбедноста на поголем број луѓе.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што заедно со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

„Притворот им е одреден поради сторени тешки кривични дела против општата безбедност од чл.288 ст.1 во врска со чл.278.ст.3.а во врска со ст.2 и ст.1 од Кривичниот законик, а во врска со потонувањето на сплавот на ноќниот клуб Фристајлер“, соопшти Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Ним им се заканува казна затвор од 1 до 8 години за кривично дело против општата безбедност.

Инаку, сплавот „Фристајлер“ почна да тоне на 1 јануари по полноќ, по што следеше општа паника, но за среќа гостите и екипажот на сплавот успеаја да избегаат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…