Сопственичката на „Бамбл“ – најмлада милијадерка од светот на претприемаштвото


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Апликацијата за лични контакти „Бамбл“, која стана позната по тоа што жените носат лична одлука за контакти со потенцијалните партнери, има пазарна вредност од над 13 милијарди долари по првичната јавна понуда на акции на берзата.

Успехот на Вол Стрит ја направи 31-годишната шефица Витни Волф Херд, еден од ретките милијардерки што можела да го постигне тоа самостојно. „Бамбл“, кој исто така е сопственик на „Баду“, е една од дваесетте американски компании на берзата, управувана од жена основач, пишува Би-Би-Си.

Акциите биле понудени по цена од 43 долари, со вкупна вредност од над 8 милијарди долари. Но, на првиот ден од тргувањето на берзата во четвртокот, цената на акциите се искачила на 76 долари, што значи дека компанијата вреди повеќе од 13 милијарди долари.

Витни Волф Херд го лансираше „Бамбл“ во Тексас во 2014 година, со поддршка на рускиот милијардер Андреј Андреев, основач на европската страница за средби „Баду“. Волф Херд вели дека лансирањето платформа на која жените го прават првиот потег е инспирирана од нејзината фрустрација од архаичните сексуални норми кои доминираат во личните контакти.

За разлика од повеќето слични апликации, само жените можат да остварат прв контакт со машките корисници, додека во контактите од ист пол секое лице може прво да испрати порака.

„Јас лично доживеав како нееднаквите односи влијаат негативно на сите области од животот. Сакав да го променам тоа”, напиша Волф Херд во писмото до инвеститорите пред понудата на акции.

Волф Херд е најмладата жена која раководи американска компанија чии акции котираат на берзата и најмладата жена милијардер во светот. Таа е исто така ко-основач на апликацијата за лични контакти Тиндер, но ја напуштила компанијата повикувајќи се на сексуално вознемирување како причина. Матичната компанија на Тиндер, Меч Груп АД, која ги негира нејзините тврдења и подоцна се обидела да го преземе Бамбл, платила околу милион долари за решение на спорот.

Волф Херд ги предводи и Бамбл и Баду од 2019 година, бидејќи Андрејев ги продал своите влогови во двете компании на инвестицискиот гигант Блекстоун. Двете апликации заедно имаат 40 милиони активни корисници, вклучително и 2,4 милиони корисници кои плаќаат.

„Бамбл“, кој е достапен во повеќе од 150 земји во светот, посочува дека е подготвен за раст, посочувајќи на зголемениот број на самци во светот, зголемената прифатеност на интимните врски преку Интернет и тоа што се повеќе корисници се подготвени да платат за услугата.

Компанијата исто така се шири во нови области, како што е деловно вмрежување. Но, и покрај зголемениот интерес, пандемијата му наштети на бизнисот на Бамбл, кој генерира приходи првенствено преку претплати и купувања апликации. Приходите пораснале за повеќе од 35 проценти во 2019 година.

Во првите девет месеци од 2020 година, сепак, годишниот раст паднал за 15 проценти, а компанијата имала загуба од 116 милиони долари. Во последниве месеци, инвеститорите покажа слеилен апетит за акции на берзата, што довело до тоа акциите на компаниите како Airbnb и Doordash да забележат висока вредности за време на првичната понуда.