Home Актуелно Сопственичка на лабораторија за тестови за Ковид-19 стана милијардерка на 93 години

Сопственичка на лабораторија за тестови за Ковид-19 стана милијардерка на 93 години

Магазинот „Форбс“ додаде 18 нови милијардери на списокот на 400 најбогати Американци, а меѓу нив е и Алис Шварц (93), една од основачките на лабораторијата „Био-Рад“, која произведува тестови за Ковид-19.

Во извештајот се наведува дека пандемијата на Ковид-19 им помогнала на некои милијардери да го заземат своето место на листата, а сите новодојденци имаат богатство од најмалку 2,1 милијарди долари, што е услов за нивно вклучување.

Меѓу оние на кои пандемијата им помогна да стигнат на листата е и Ерик Хуан, основачот на програмата за видеокомуникација „Зум“.

На списокот на најбогати Американци се најдоа и основачот на компанијата за производство на електрични камиони „Никола“, Тревор Милтон, генералниот директор на ОСИ Груп, Шелдон Лавин, и Џим Коч, еден од основачите на компанијата „Бостон бир компани“.

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, сè уште е на првото место, трета година по ред, со богатство од 179 милијарди долари, а зад него се еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, и основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…