Сопругот на Селма Хајек ќе донира 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот милијардер Франсоа – Анри Пино, кој светот го запозна и како сопруг на славната холивудска актерка со мексиканско потекло, Селма Хајек, во официјално соопштение за медиумите изјави дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на опожарената катедрала Нотр Дам во Париз.

„Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам“, напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис.