Сопругата урла, бабата снима: Го фати сопругот со швалерката во хотел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопругата од видеото кое ви го пренесуваме со тек на време почнала да се сомнева во верноста на својот маж, па решила „малку“ да го следи со својата мајка, за да видат дали има основа за паника.

Изневерената сопруга од Велика Британија патуваше повеќе од 250 километри за да го фати својот неверен сопруг во хотел со неговата љубовница.

Таткото на две деца патувал од Велингборо во Довер за да помине разуздана ноќ со друга жена во хотелот Premier Inn, додека неговата сопруга дома се грижи за двете нивни деца.

Таа со тек на време се посомневала во верноста на својот сопруг, па заедно со нејзината мајка заминале во популарниот крајморски град да ја испитаат цела работа. Таму го шпионирале нејзиниот сопруг и љубовницата сè до споменатиот хотел, а потоа ги чекале да излезат од таму за да ги фатат на дело.

Кога швалерскиот пар излезе од хотелот и тргна кон паркингот, почна вистинска сапунска драма. Жената урлаше, мажот се правдаше, швалерката плачеше, а бабата снимаше.