Сопругата од Тоти ја отвори душата: „Беше тажен и исплашен, јас само сакав да му помогнам“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал и икона на „Римската волчица“, Франческо Тоти, минатата сезона се прости од активното играње фудбал. Популарниот „Принц на Рим“ цела своја фудбалска кариера ја помина во дресот на Рома.

За емотивното збогување на Тоти од фудбалот, во интервју за списанието Oggi, проговори и неговата сопруга Илари Бласи.

„Тоа беше неверојатен ден, не може да се опише со зборови. Му реков на Франчесто сам да го направи почесниот круг, но негова желба беше целото семејство да му се придружи на стадионот. Беше многу исплашен и тажен, а јас само сакав да му помогнам тие емотивни моменти да ги поминеме заедно“.

После завршувањето на играчката кариера, 41-годишниот Тоти остана во клубот на една од директорските позици.

„Франчесто е свесен дека имаше среќа во животот, но да кажеш збогум на најголемата животна страст воопшто не е лесно. Засега делува мирен, но ќе видиме како ќе функционира без фудбалот“, вели неговата сопруга.