Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Енди Мареј сосема очекувано се пласираше во второто коло на Австралија опен по победата над Украинецот Марченко, но, повеќе од потезите на терен во очи падна ситуацијата од неговиот „бокс“ каде главната улога ја имаше неговата сопруга, Ким Сирс.
Во еден момент Ким беше лута што камерманот ја снима, па го натера физиотерапевтот да ја покрие камерата и да добие приватност на место каде, всушност, и не може да ја има.
Според правилата на Грандслем турнирот, ексклузивниот застапник на ТВ правата, поставува камера и во боксот каде е сместена екипата на тенисерите кои настапуваат. Тоа, тенисерите го знаат, но очигледно не и нивните сопруги.