Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во неодамнешно интервју за New York TImes, Доналд Трамп откри дека дружењето со Акие Абе, сопруга на јапонскиот преиер Шинзо Абе, за време на самитот Г20, било малку незгодно.
Тој раскажа дека за време на вечерата седел покрај неа, но дека таа не зборувала англиски. „Седев покрај сопругата од премиерот Абе за кој мислам дека е одличен тип, а и таа одлична жена, но не зборува англиски“, објасни Трамп.
„Воопшто не зборува англиски? Ни малку?“, збунето го праша новинарката. „Ни hello“, тврдеше Трамп. „Па, тогаш тоа сигурно било непријатно дружење?“, праша водителката.
„Па, да. Тешко е, морате да седите таму со часови. Мислам, вечерата веројатно траеше еден час и четириесет и пет минути“, се пожали Трамп.
Looks like the First Lady of Japan pretended not to speak English for nearly 2 hrs to avoid talking to Trump https://t.co/ee9LGHVlDo
— Jessica Valenti (@JessicaValenti) July 20, 2017
Но, колумнистката Џесика Валенти на својот Твитер профил откри дека Акие Аби, всушност, одлично говори англиски и дека изјавата од Трамп ја тера да се сомнева дека Јапонката само се правела дека не знае англиски за да не мора да разговара со Трамп. „Изгледа дека сопругата на јапонскиот премиер два часа се правела дека не знае англиски јазик за да не мора да зборува со Трамп“, напиша Валенти.
За работата да биде уште позабегана, на интернет може да се најде снимка на која се слуша како Акие зборува англиски јазик. Дали навистина се правела дека не знае англиски за да избегне муабет со Доналд, или во прашање е некоја забуна, тешко дека ќе се открие, но во секој случај – интернет заедницата моментално буквално ја обожава Абе. „Ќе сака ли некој да му каже дека таа зборува англиски?“, „Акие е мојот нов идол“, се некои од морето коментари на Твитерџиите.
Will somebody tell Trump that Akie Abe does indeed speak English? https://t.co/In7iv2B8z0 pic.twitter.com/sDQce94kq3
— Mathieu von Rohr (@mathieuvonrohr) July 20, 2017