Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Терористичкиот напад во Барселона во август оваа година однесе 13 жртви и повеќе од 100 луѓе беа повредени.
Меѓу жртвите многу лесно можел да се најде и ѕвездата на Барселона, Иван Ракитиќ. Хрватот со семејството тргнал кон местото каде што се случи нападот, но во последен час неговата жена Ракел го замолила да се вратат дома за децета да се забавуваат во паркот.
Ракитиќ за шпанските медиуми раскажа што точно се случило тој ден.
„Бевме во центарот со семејството и се спремавме да одиме на местото каде што се случи нападот. Јас инсистирав да одиме таму, но сопругата ме замоли да се вратиме дома за децата да си играат во паркот пред нашата куќа“, раскажува Ракитиќ.
„Му благодарам на Бог што ја послушав Не делеја само неколку минути да одиме таму, а кога слушнавме за нападот, многу пријатели и роднини ми се јавија да ме прашаат дали сме добро“, открива Хрватот.