Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека го држел детето и позирал пред камерата, Жилберто Вале изгледал како секој друг семеен човек. Полицаецот кој оди во црква го освои срцето на својата сопруга Кејтлин откако се запознале во 2009 година.
Совршен господин, отвора врата за неа и ја опсипува со слични џентлменски гестови. Година дена откако се запознале, Кејтлин останува трудна и парот одлучува да се венчаат. Но, идната мајка тогаш забележала промени кај својот маж од соништата. Тој воопшто не бил заинтересиран за прегледите кои ги имале во болницата.
До раѓањето на нивната ќерка, Жилберто многу време поминувал онлајн, некогаш и по цела ноќ. Загрижена и љубопитна, Кејтлин погледнала да види што прави нејзиниот сопруг на интернет толку време.
Што правел онлајн?
Открила дека Жилберто посетува сајтови за возрасни, и тоа страници посветени на фетишизам како „бондаж“ и слично. Но, на една страница содржината била многу помрачна од останатите.
Таму имало фотографии од мртви жени. Загрижена, Кејтлин му кажала што видела на сопругот. Но, нејзината отвореност не помогнала во стабилизирање на нивниот брак, а Жилберто станал уште позатворен и поповлечен.
Станала детективка
Симнала spyware, софтвер кој тајно може да следи како се користи некој компјутер или телефон. Ги ископала неговите тајни е-меил адреси каде открила илјадници пораки помеѓу нејзиниот сопруг и мистериозни онлајн контакти.
Иако стравувала дека ја изневерува, откривањето на овие мејлови за неа било уште поужасно сознание. Кејтлин видела пораки во кои таа била опишана врзана и со пресечен врат. „Ако плачи, немој да покажуваш милост“, пишувало во пораката од еден од кореспондентите.
„Без грижа, ќа ја расцепиме нејзината уста“, пишувало во одговорите. Освен нејзината смрт, наишла и на пораки за своите пријатели. Се пишувало за нивен погреб во ковчези, после силувањето, убивањето и печењето на оган.
Нејзиниот сопруг дури споделил фотографии од Кејтлин и нејзините пријатели. „Одеднаш, гледам свои фотографии, фотографии од моите пријатели“, изјави Кејтлин подоцна, пред судските органи. А нашла и фотографии од пресечени човечки стапала.
Време за бегство
Потресена и вознемирена, Кејтлин ја зела нивната ќерка од станот и побегнала кај своите родители. Лаптопот и клучевите од станот им ги предала на ФБИ, за да можат да го истражат случајот.
Истражувајќи го лаптопот од Жилберто, истражните лица нашле морбидна датотека под името Abducting and Cooking, во која имало листа на предмети потребни за киднапирање, како јаже и хлороформ. Неговите пребарувања на Google откриле дека често пребарувал рецепти за готвење човечко месо.
Дали Вале планирал да ја убие и изеде својата сопруга?
Записите покажуваат дека пристапувал во полициски бази на податоци за да добие повеќе информации за една жена. Им се јавувал и на некои други жени, испитувајќи ги нивните рутини.
Во 2012 година Вале му се понудил на еден од своите контакти да киднапира една жена за него. „5.000 долари и средено е“, му пишал тој. Тогаш ФБИ агентите откриле дека користел телефон недалеку од местото кадешто живеела жената, а истата година тој беше уапсен.
Cannibal Cop
Кога случајот се најде на насловните страни, Вале беше наречен „полицаецот-канибал“. Кога давала докази на обвинителството, Кејтлин плачела пред судот и ги уверувала дека нејзиниот сопруг планирал да ја убие.
Обвинителството тврдело дека Вале внимателно ги истражувал потенцијалните жртви за да ги проживее своите фантазии за убиство и канибализам. Одбраната, пак, тврдела дека станува збор за чисто „играње улога“.
Во 2013 година Вале беше прогласен за виновен за заговор за киднапирање и прекршок поврзан со злупотреба на полициските базни податоци.
Слобода
Тој ја обжалил одлуката на судот и барал ново судење, а во 2014 година судијата го отфрлил обвинението наведувајќи дека нема доволно докази дека Жилберто планирал да наштети на жените во реалниот живот.
Вале бил пуштен на слобода после 21 месец во затвор. Во 2015 година повторно го привлече вниманието на јавноста, кога отвори профил за состаноци, на кој како хоби го навел „готвењето“.
А минатата година својата фантазија ја бранеше на ТВ. „Не е злосторство да фантазираш за злосторство против луѓе кои ги знаеш. Акцијата е таа која е илегална“, изјави тој за Inside Edition. „Што правам дома е моја работа“, додаде тој.
Претходно оваа година, Вале откри дека планира да објави насилен роман за садисти во Њујорк.