Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сопругот на медицинска сестра е напаѓачот на 48 годишниот Н.З. лекар на Клиниката за токсикологија, кој синоќа беше избоден со нож на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како причина, наводно, е љубовната врска на лекарот од Слупчане и медицинската сестра.
Неофицијално, лекарот бил нападнат околу 19.50 часот, од зад грб, пред ќебапчилница на улицата „Мајка Тереза“, при што се здобил со два убоди од остар предмет. Лекарот го кажал името на напаѓачот, а полицијата работи на расчистување на случајот.
Лекарот бил дежурен вчера вечер на клиниката.