Соопштение со барања и најава за генерален штрајк во културата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На ден, 20.06.2019 г. се одржа состанок на советот на СКРМ на кој беа разгледувани состојбите во културата, позитивните и негативните последици од спроведената нивелација на платите, како и динамиката со која се движат реформите во нашиот сектор.

Мораме да нагласиме дека кај вработените од културата постои незадоволствопоради многу неправилности во процесот на спроведување на нивелацијата како што е неоснованото покачување на коефициенти на сложеност кај одредени работни места што не се утврдени претходно, па дури и менување на називот на работните места за индивидуален профит. Исто така, нервозата кај нашето членство силно ја стимулира и фактот што новиот Закон за остварување на јавниот интерес во културата не е усвоен и е во процес на „тромава“подготовка речиси две години. Законот требаше да биде усвоен одамна и со него очекуваме да се решат многу проблеми во работниот однос со што ќе се постависолидна правна основа за потпишување на нов општ колективен договор во културата. Потсетуваме дека поради отсуството на колективен договор, речиси 15 години работните односи се нерегулирани,а културата е школски пример за газење на правата на сите вработени од страна на државата. Поради тоа, Советот на СКРМ ги изнесува следните барања до Министерство за култура:

1. Барање за ревизија на спроведената нивелацијасо вклучување на претставници на СКРМ,со што, сите неосновани коефициенти ќе се вратат во претходната состојба.
2. Барање за итно усвојување на новиот Закон за остварување на јавниот интерес во културата во чија суштина ќе бидат инкорпорирани потребите на вработените во институциите, како и потребите на независните уметници и културни работници. Не прифаќаме ригиден и неапликативен Закон кој единствено ја олеснува работата на Министерство за култура и Министерство за информатичко општество и администрација, а од друга странаго оневозможува функционирањето на културните и уметничките институции. Таков закон веќе постои, а штетите од истиот ги чувствуваме сите.
3. Барање за потпишување на колективен договор до 30.09.2019 година со почеток на спроведување од 01.01.2020 годинаи конечно решавање на проблемот со работните односи и платите во областа на културата кој егзистира веќе една и пол деценија.

Доколку нашите барања не бидат спроведени, СКРМ најавува ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК во културата кој ќе започне на01.10.2019 година.

Уметниците и културните работници во изминативе две години станаа жртва на партиско- коалициски пазари и тоа придонесе за одолговлекување на процесот на реформи и продлабочување на децениските проблеми, наместо нивно решавање. Наша должност е да се спротивставиме на ваквиот маргинализирачки третман и да го зачуваме нашиот уметнички и стручен интегритет како дејци на темелната вредност култура без која не може да постои ниту една држава.

Со почит,
Советот на СКРМ.