СООБРАЌАЈОТ СЕ ПРЕНАСОЧУВА: Тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Долги колони автомобили утринава останале заглавени на автопатот Тетово- Гостивар поради сообраќајна несреќа во која неофицијално учествувале неколку возила. Информациите се дека има и неколкумина повредени патници, а возилата на брза помош се упатени кон местото на несреќата.

Неофицијалните информации говорат дека пет лица се повредени од кои три деца, а сообраќајот кон Гостивар е во прекин, бидејќи се врши увид на страна на увидната екипа на полицијата и заменик јавен обвинител.

Од МВР засега нема подетални информации, се очекува во текот на денот да има повеќе детали за сообраќајната несреќа.

Фото – Охрид Прес