Home Актуелно Сообраќајка целосно ја затвори делницата меѓу Велес и Скопје – судир на пет возила

Сообраќајка целосно ја затвори делницата меѓу Велес и Скопје – судир на пет возила

На сообраќајната автопатна делница меѓу Велес и Скопје, кај местото Кула, утрово околу 8 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу пет возила, поради која автопатот Велес – Скопје е целосно затворен за сообраќај.

Од МВР за „Макфакс“ велат дека пред еден час било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, се судриле пет патнички моторни возила.

„На терен се излезени екипи од СВР Велес, се чекаат информации од местото на настанот. Засега нема информации дали има повредени лица во несреќата“, велат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…