Сообраќајка кај Мавровка, блокиран центарот на Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сообраќајна несреќа која се случи утринава на булеварот „Крсте Мисирков“ помеѓу две патнички возила го блокираше сообраќајот во центарот на градот, пренесува „Макфакс“

Од МВР информиаат дека околу 10 часот утринава било пријавено дека дошло до сообраќајна несреќа по што екипи на министерството веднаш излегле на терен и се уште се врши увид на местото на несреќата. Засега нема информации за повредени.