Сообраќаец им пиша казна на своите колеги полицајци за непрописно паркирање (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Видеото кое доаѓа од англиски Брентвуд е доказ како сообраќајните правила и прописи не само што мора да важат за сите, туку дека и прекршувањето на истите си повлекува казна која, исто така, мора да ги стигне сите.

Полицаецот од снимката им пиша казна на своите колеги за непрописно паркирање, нешто што во Македонија и Балканот е еднакво на научна фантастика. Џандарите го паркирале полициското возило на паркинг простор наменет за лица со инвалидитет, па сообраќаецот во никој случај не можеше да им го прости тоа.