Sony го претстави новиот безжичен „џојстик“ за PlayStation


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јапонскиот технолошки гигант Sony го промовираше бежичниот џојстик за својата нова конзола PlayStation 5 која наскоро пристигнува на пазарот.

Како што пишува на официјалниот блог на PlayStation, целта на компанијата е со Dual Sense џојстикот да се задржат оние работи кои гејмерите ги сакале и кај џојстикот за конзолата PlayStation 4.

L2 и R2 копчињата сега уште повеќе се прилагодуваат за гејмерите. Така, ќе имате подобро чувство од претходно кога на пример, ќе се подготвуваате за затегнување на лакот, пред да ја „испукате“ стрелата во некоја видео игра.

Што се однесува до старо-новите копчиња и контроли, не постои повеќе Share копчето, туку сега тука е Create копчето. Се уште не е познато која точно е разликата помеѓу двете копчиња, но за тоа се очекува да дознаеме наскоро.

Исто така, џојстикот пристигнува со вграден микрофон, иако гејмерите се советуваат дека најдобро е да се користи headset доколку планираат подолго да зборуваат со пријателите за време на играњето.

Кога станува збор за дизајнот, јасно може да се види дека џојстикот ќе биде во две бои. Конкретно, кај претставениот џојстик доминира белата боја пред црната, а понатаму се очекува да има повеќе комбинации на бои.