Сонце на планините, магла во котлините


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Овој декемвриски петок времето во Македонија на повисоките места ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по котлините со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде значително облачно и магливо, во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени. Маврово и Охрид 9, Крива Паланка и Берово 11, Битола 8, Кавадарци 10, Дојран 15 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност, по котлините со појава на магла.