Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од осум до Целзиусови 16 степени.
Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец и дневна температура до 10 степени. И утре времето ќе биде сончево со слаб југозападен ветер.
Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела, особено претпладне сѐ уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 м.н.в. врнежите ќе поминуваат во снег. Нов влажен и релативно топол бран се очекува од почетокот на наредната работна седмица, прогнозира УХМР Македонија.