Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Самостојниот синдикат за образование и наука и култура (СОНК) го става во мирување штрајкот на просветните работници до период на изнаоѓање решение заедно со Министерството за образование.
Како што изјави денеска претседателот на СОНК Јаким Неделков, синдикатот чека Министерството за образование да се изјасни што побрзо за нивните барања во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, да се исплаќаат патни трошоци итн.
Министерот за образование, Арбер Адеми, пак, истакна дека МОН и СОНК имаат одлична комуникација, изразувајќи надеж дека во најбрз временски период ќе се постигне договор за зглемување на платите.
МОН побарале уште неколку дена за да може да се обезбедат пари покачувањето да важи од јануари.
„Јас го поканувам СОНК утре во просториите на МОН за посебна рунда преговори каде што ќе се знае конечната одлука“, рече Адеми.