СОНК го одби предлогот на МОН: Образование од 11 ноември оди на генерален штрајк


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако не го прифатија предлогот на Министерството за образование и наука за покачување на платите од 10 отсто, од СОНК најавија генерален штрајк со почеток на 11 ноември.

Иако не прецизираа точно колку да биде покачувањето бараат да биде повисоко од 10 отсто и наместо од април да важи од први јануари.

Ако во рок од 15дена барањата не се исполнат ќе има целосен прекин на наставата.

Од СОНК побараа и воведување на К-15, почитување на колективните договори и исплата на прекувремените работни часови.