Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според метеоролошките прогнози, денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност.
Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните и крајните североисточни делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дневните температури ќе достигнат во Скопје 28 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 24, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 31.
За утре прогнозата е претежно облачно, свежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во Скопје 24, Маврово 15, Охрид 19, Битола 18, Крива Паланка 21, Берово 19, Кавадарци 23, Дојран 26 степени.