Сончево и топло време со доумерена облачност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој на север и вдолж Повадарието ќе засилува.

Попладне претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 14 до 20, а максималните од 31 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурата од 20 до 37 степени.

Освежување најпрвина за северот од земјата ќе се почуствува од утре вечер. Температурата во петок ќе биде пониска за 3 до 5 степени.

Од петок ќе започне и преиод со променлива облачност. Од попладневните часови и потоа преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови.

Во недела во претпладневните часови врнежите ќе завршат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодов со температура која на повеќето места нема да надмине 30 степени.