Сончево, попладне услови за дожд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, а дневната температура од 16 до 20 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 19 степени.

Во четврток ќе има зголемена облачност, а во јужните делови ќе има и локални врнежи од дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по котлините. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.