Home Актуелно Сончево и топло претпладне, попладне на места нестабилно и со дожд

Сончево и топло претпладне, попладне на места нестабилно и со дожд

Последната мајска среда претпладне времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 28 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 26, Битола 29, Крива Паланка 25, Берово 26, Кавадарци 30, Дојран 32.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, локално и во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 19 до 31 степен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…