Сончево и свежо време со пониски температури


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во Македонија ќе имаме сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 9, а максималната од 13 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 18 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Од недела ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.