Сончева и топла среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во среда низ целата држава ќе преовладува претежно сончево и топло со слаб северен ветер.

Следува период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време, со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд повеќе е можна од четврток, а особено во деновите од викендот кога е можна и појава на грмежи и тоа пред се, во западните делови од земјата.

Минималните дневни температури ќе се движат од 9 до 17 степени, а максималната дневна температура ќе се движи од 25 до 34 степени, во Скопје и околината ќе преовладува сончево време со максимална дневна температура до 33 степени Целзиусови.