Сончева и топла среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 23 до 32 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 12 и дневна до 30 степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот. Во попладневните часови во планинските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови кои ќе условат пороен дожд со грмежи.