Сончева среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Без промени, и среда ќе започне со слаба магла низ котлините во кус период по изгрејсонце, и со минимална температура која ќе биде во дијапазонот помеѓу минус 4°С и 0°С.

Денот ќе биде повеќе сончев отколку облачен. Мала локална облачност ќе има во југозападниот крај  претпладне, додека попладне мала облачност ќе има локално во северниот и источниот регион.

Ветерот ќе биде слаб, а ќе дува од северен правец.

Максималната температура ќе има вредност помеѓу 5°С и 8°С низ поголем дел од котлините, а на југ, вклучително и охрдско-преспанскиот, како и пекагонискиот регион околу 11°С.

Скопскиот регион очекува претежно ведро време, со појава на сосема слаба локална измаглина наутро. Минималната температура ќе има вредност околу минус 5°С, додека највисоката дневна вредност на температурата ќе биде околу 7°С