Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до 1, а максималните од 2 до 9 степени.
Во Скопје наутро ќе преовладува студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до -4, а максималните ќе достигнат до 6 степени.
Од УХМР информираат дека до утре попладне ќе се задржи стабилно и суво време, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад утре во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.